Вие имате прво да ја знаете вистината

Јелена Розга како мала со својата баба чувала овци, а нејзината сестра Јулија долго време ја крие од јавноста

Јелена отсекогаш била мила девојка, среќна и насмеана, но по смртта на нејзината баба, десет години ја немаме видено овде, таа никогаш не доаѓа, изјавија поранешните соседи на Јелена од селото Розге.

Јелена Розга е родена во селото Розга, кое се наоѓа во Близна Горња, село на околу 50 километри од Сплит.

Имено, пејачката како мала често доаѓала таму со нејзината постара сестра Јулија, и често таа знаела да оди со својата баба да ги чува и шета овците.

Да, добро прочитавте, Јелена се грижела за овците како мала и да, тоа не е ништо срамно, Јелена има сестра за која малкумина знаат бидејќи води прилично приватен живот и не зборува многу јавно за истиот.

Мојата сестра, таа води сосема поинаков живот. Јулија е мајка, прекрасна мајка, а Јулија отсекогаш била девојчето кое станува во осум часот наутро. Јас сум малку поспана, а таа е сосема поинаков тип од мене. Таа се одлучи за помирен начин на живот, изјави Јелена минатата година и зборуваше за децата на нејзината сестра Леа и Нои.

https://www.instagram.com/p/CWgiTdZqcqW/?utm_source=ig_web_copy_link

Леа, ќерката на мојата сестра, е мојата пријателка со која разговарам секој ден, зборуваме многу за се, немаме тајни. На Леа навистина и кажувам се, таа знае сè кога сум среќна и кога сум тажна и кога сум заљубена и кога не сум заљубена. Имаме тотално различен вкус кога се во прашање мажите, но тоа е во ред, се пошегува Розга во својата изјава за ќерката на својата сакана сестра.

Јелена во младоста, како што изјави, лудувала по балет, па немала многу време за дружење со врсниците. Додека другите деца си играа пред куќата, таа ги облекувала балетските влечки и танцувала пред огледалото.

Денеска најчесто Розга носи фустани и мини здолништа, а на краткита здолништа ја наговорила нејзината колешка од светот на музиката, Северина која и кажала дека има одлични нозе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!