Мерењето на температурата без термометар изгледа како невозможна мисија, но овие два трикови можат донекаде да ви помогнат.
Ако користите допир за да ја одредите температурата на некој друг, важно е прво да ја допрете сопствената кожа, а потоа да ги споредите двете температури. Ако туѓата кожа е многу потопла од вашата, тоа е знак за температура.
Другиот метод за одредување висока температура е да се повлече кожата на задниот дел од надлактицата за да се провери дали има знаци на дехидрација. Доколку кожата не се врати брзо на своето место, тоа значи дека не е еластична, како и дека е можно да имате температура.