Вие имате прво да ја знаете вистината

Кој телефон го користи Кралицата Елизабета: Нејзиниот мобилен го има заштитено МИ-6 а таа прима повици од само две лица

Кралицата Елизабета Втора користи специјален мобилен телефонкој е заштитен од државната служба MI6.

Новинарот Џонатан Сасердоти, кој со години го следи исклучиво животот и настаните поврзани со кралското семејство, во подкастот Royalty Us откри досега непознати факти за кралицата Елизабета Втора и нејзините навики кога се во прашање модерните технологии.

Кралицата долго време користи интернет, социјални мрежи, онлајн состаноци, дури и некои стриминг услуги, но и, се разбира – мобилен телефон.

Во подкастот Џонатан откри дека кралицата Елизабета Втора користи телефон со Android, Samsung, но не прецизираше кој модел.

Сепак, тој објасни дека уредот е специјално поставен за да не може да се следи, а поставките се направени и промовирани против хакерите од MI6, британскиот сервис, кој веројатно на многумина им е познат од филмовите за Џејмс Бонд.

Не се знае многу ниту за заштитата на телефонот, бидејќи новинарот само изјавил дека телефонот е шифриран со таканаречената антихакерска технологија. Сепак, тој открил дека кралицата одговара на повиците на само две лица лично – нејзината ќерка, принцезата Ана, и на повиците на личниот менаџер на кралицата за коњски трки, Џон Ворен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!