Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко излезе на прес-конференција во воена униформа и ја обвини ЕУ и Литванија за убиство на мигранти

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, во понеделникот ја обвини Литванија за убиство на мигранти, по дадените соопштенија за уште една смрт на источната граница на земјата со Европската Унија.

Во оваа мигрантска криза, злобниците отидоа дотаму што убиваат луѓе – изјави Лукашенко за време на состанокот со претставници на белоруското Министерство за одбрана.

Мигрантите се носат на белоруската граница „мртви или можеби полумртви од страна на ЕУ“ и се исфрлаат таму – тврди 67-годишниот лидер, кој се појави во воена униформа на прес-конференција.

Европската Унија го обвинува Лукашенко, кој често го нарекуваат последниот диктатор на Европа, дека намерно испраќа мигранти од кризните области како Ирак и ги турка кон границата на нивната земја со ЕУ. Мигрантите, исто така, постојано се жалат на малтретирање од белоруските безбедносни сили.

Белоруски граничен чувар во понеделникот изјави дека маж бил пронајден мртов на границата со Литванија, откако во текот на викендот било откриено уште едно тело. Оваа информација не може да се потврди за точна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!