Вие имате прво да ја знаете вистината

Манчестер Јунајтед официјално го презентираа својот нов тренер, Ралф Рангник!

Германскиот стратег, Ралф Рангник и официјално е назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Рангник (63) потпиша договор со клубот од Олд Трафорд до јуни 2022 година, поточно до крајот на тековната сезона.

Воодушевен сум што станав тренер на Манчестер Јунајтед и целосно сум фокусиран на постигнување на најдобри можни резултати во тековната сезона. Имам тим со голем број таленти и ќе се обидам максимално да го искористам нивниот потенцијал – изјави Рангник.

Германецот ја прекина соработката со Локомотив Москва каде ја имаше улогата како советник. Тој постигна уште еден договор со Јунајтед односно да остане во клубот уште најмалку две години како советник.

Ралф е еден од најголемите иноватори во светот на фудбалот. Не импресионираше во разговорот и немавме дилема дека тој е вистинскиот избор за нас – изјави спортскиот директор на екипата, Џон Муртоу.

Тој треба да дебитира на клупата на Јунајтед за викендот. На натпреварот од вонредното коло од Премиер лигата против Арсенал во четврток, тимот ќе го предводи Мајкл Керик, бидејќи Рангник треба да ги среди потребните документи за работна дозвола.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!