Вие имате прво да ја знаете вистината

Меѓу клановите неговата глава е најскапа, овие се цени кои се вртат во подземјето, колку вреди “Македонецот” Георги Андонов

Најуценетата глава меѓу балканските криминалци е наводно Србинот Зоран Јакшиќ, наводниот водач на кланот Америка, за чие убиство ривалите наводно биле подготвени да дадат дури 10 милиони долари.

Но, не се евтини ниту челниците на кавачкиот и шкаљарскиот клан, кои се осомничени за бројни убиства и шверц на дрога, па за најскапиот биле подготвени 900.000 евра.

Зоран Јакшиќ беше цел на напади минатата година, кога наводно и дојавил на полицијата за голем број криминалци кои соработувале со неговиот клан Америка, а меѓу нив бил и најбараниот перуански бегалец Мигел Анхел Вилануева, а тие биле уапсени благодарение на Јакшиќ. Поради тоа подготвиле 10 милиони долари за негова ликвидација, но тоа се уште не е направено. Тој во моментов издржува казна од 25 години затвор во Перу за шверц на 800 килограми кокаин.

Јовица Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан побегна од Црна Гора во август и е под меѓународна потерница, а кавачкиот кла за неговата ликвидација е подготвен да искешира 900.000 евра. Кога Вукотиќ бил во Централниот затвор во декември 2019 година, неговата свршеница била запрена на пат од страна на тројца лажни полицајци со намера да истурат цијанид во храната што таа му ја донела. Колку тие се упорни во своите намери покажува и следниот обид во октомври минатата година, кога Петар Мујовиќ од Никшиќ го следел во полициска станица, каде отишол на распит, па го разоружал телохранителот на Јовица и му го одзел пиштолот ЦЗ-75.

За главата на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, лидерот на српскиот огранок на кавачкиот клан, кој моментално е во притвор во Централниот затвор, членовите на шкаљарскиот клан, се подготвени да платат наводно 700.000 евра. .

Невоља и неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ се обиделе да бидат ликвидирани на аеродромот во Тиват, но полицијата успеала да уапси тројца платеници. Во истиот план за елиминација на Марко Миљковиќ бил подготвен и куфер од 300.000 евра. Шеф на групата за овие две ликвидации бил членот на шкаљарскиот клан, Јанко Вукадиновиќ, кој е во затворот во Спуж. Поради освета тој беше полеан со врело масло.

Лука Бојовиќ издржува казна од 18 години затвор во Шпанија, а во 2016 година неговиот најголем непријател Слободан Шарановиќ, кој бил близок до кланот на Јакшиќ, Америка, понудил 600.000 евра за атентатот во затворот, но набргу потоа бил убиен и не успеал да го спроведе планот.

Водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, побегна од Црна Гора во Јужна Америка, по 4 февруари, кога беа уапсени неговите најблиски соработници Беливук и Миљковиќ. Звицер во мај минатата година пред станот во Украина беше погоден со пет куршуми, а за тој напад биле подготвени 500.000 евра. Тој преживеал, а платениците биле уапсени поради бројни грешки.

Слободан Кашчелан, основачот на кавачкиот клан, многупати беше мета на напади, но успешно го избегнуваше секој напад. Тој имаше закажано судења на 22 јануари и 2 февруари годинава, на кои требаше да се појави, па ликвидаторите тогаш планираа да го разнесат со бомба и со тоа да му го зададат најголемиот удар на кавачкиот клан. Неговата глава била проценета на половина милион евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!