Вие имате прво да ја знаете вистината

Модифицирани руски ракети експолдирале за време на несреќата во Србија, тие имаат моќност да збришат цела оклопна бригада

Во несреќата што се случи во вторникот околу 14 часот во фабриката Едепро во Бубањ Поток, Србија, во која загинаа тројца работници, Миљан Јојиќ (38), Милош Саковиќ (21) и Бојан Ружиќ (28), а дваесетина се повредени, наводно експлодирале според неофицијални информации, модифицирани проектили за ВБР (ракетен фрлач со повеќе цевки) тип БМ-21, под ознака Г-2000. 

Наводно се работи за ракети Г-2000 кои се спакувани во фрлач кој содржи 32 парчиња. Тие имаат моќ да ја збришат цела оклопна бригада. Подготвени се за транспорт, со оглед на тоа што се наоѓале во магацин кој е далеку од фабриката – изјавува анонимниот соговорник кој ја знае работата на српската одбранбена индустрија.

Таа ракета е всушност модифицирана руска ракета која е продолжена, а нејзината боева глава е намалена.

Тоа значи дека досегот е зголемен на 40 километри. Максималната брзина по лансирање е 1.100 метри во секунда. Тие ракети ги купи Ерменија од Србија, па потоа Кипар и Грција – изјавува тој.

Тој посочува дека основната модификација е нов ракетен мотор кој користи ново ракетно гориво, кое е композитно ракетно гориво и изгледа како на филмска лента.

Инаку, она по што беше познато Едепро е производството на цврсти ракетни горива, ракетни мотори и артилериски и ракетни системи од различен калибар.

Во описот на бизнисот, тие наведуваат дека нивните развојни програми вклучуваат истражувачки проекти на мали турбо-млазни мотори, системи на повеќе-наменски ракети АЛАС, артилериска ракета Р-107 со калибар 107 милиметри за повеќе наменски ракетен фрлач, хибриден артилериски проектил со калибар 155 милиметри со ракетен мотор и генератор како и ракетна единица Р-400 со дострел од 140 километри.

Инаку, оваа фабрика произведува и беспилотни хеликоптери. Во фабриката каде што се случи трагедијата имало 500 ракети.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!