Вие имате прво да ја знаете вистината

Можна средба помеѓу Путин и Бајден до крајот на годината !?

Кремљ објави дека се надеваат дека претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, ќе разговараат до пред крајот на годината.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на медиумските прашања за можноста за разговор помеѓу двајцата лидери, изјави дека датумот не е договорен.

Се надеваме дека таков самит ќе се одржи до пред крајот на годината, изјави Песков.

На прашањето во кој формат може да се одржи разговорот, тој изјави дека најверојатно ќе биде видео конференција.

Тој нагласи дека не е постигнат напредок по тоа прашање, но дека Кремљ се надева дека Путин и Бајден ќе разговараат пред крајот на годината.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!