Вие имате прво да ја знаете вистината

НБА ѕвездата банкротираше? Американски новинар тврди: Секој месец купува нов автомобил, должен е како Грција

ФИЛАДЕЛФИЈА 76-те имаат сооднос од десет победи и осум порази оваа сезона. Џоел Ембид одигра девет натпревари. Тобијас Харис одигра 11 натпревари. Бен Симонс не одигра ниту еден.

Сиксерси се обидоа да го разменат, но не успеаја. Дојде во тренинг кампот, со наводна желба да се наметне, но немаше ништо од тоа. Потоа изјавил дека има психички проблем. Последната информација која излезе беше дека клубот и играчот не се договориле за начинот на кој треба да се решат неговите проблеми.

Главниот проблем во целата приказна е што еден од најдобрите играчи на Сиксерси сè уште не игра за својот тим и никој не знае кога ќе игра. Неодамна американскиот новинар Хауард Ескин во радио емисијата 97.5 The Game изјави дека знае што се случува со Симонс.

„Многу сигурен извор ми кажа дека Симонс е без пари, дека не му останува ништо. Тој губи повеќе пари отколку што заработува и е во голема неволја. За својот дом потрошил 17,5 милиони долари, а за тоа мора да плати данок. Повторувам, дом од 17,5 милиони. Има два дома во Филаделфија, веројатно вредни осум или девет милиони долари“, рече Ескин и додаде:

https://www.instagram.com/p/CMD9F3NszMT/?utm_source=ig_embed&ig_rid=1f1e6975-f2dd-4e39-b570-1502c74c8428

„Секој месец купува нов автомобил за 400 или 500.000 долари. Парите ги троши како да нема утре, претпоставувам дека мисли дека никогаш нема да го потроши. Личноста која ми го кажа тоа е многу упатена и тврди дека Симонс има ужасни финансиски проблеми“.

Наводно Симонс веќе бара начин да продаде куќа вредна пет милиони долари за да покрие барем дел од трошоците. Тој во кариерата досега заработи 50 милиони долари, а во Филаделфија има уште тригодишен договор вреден 110 милиони долари.

Симонс побара да си замине од клубот, но раководството на клубот не најде ниту една задоволителна понуда за играч кој со своите игри и пристап ги разочара навивачите во плеј-офот минатата сезона.

Тој има просек од 15,9 поени, 8,1 скока и 7,7 асистенции на 275 натпревари досега откако Филаделфија го избра како прв на драфтот во 2016 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!