Вие имате прво да ја знаете вистината

Нова рунда преговори на светските сили и Иран за обнова на нуклеарниот план

Светските сили и Иран се состануваат во понеделник во Виена со цел да се обидат да го обноват нуклеарниот договор од 2015 година, но Техеран не се откажува од својот став, оставајќи мала надеж дека ќе биде постигнат некаков напредок.

Дипломатите предупредуваат дека има многу малку време да се обнови договорот од кој тогашниот американски претседател, Доналд Трамп се повлече.

Шест рунди на индиректни разговори беа одржани помеѓу април и јуни но без значаен резлутат.

Иранската делегација претстави список со барања кои американските и европските дипломати ги сметаат за нереални. Списокот инсистира на тоа дека на Техеран треба да му бидат укинати сите американски и санкции како и европски санкции кои беа воведени од 2017 година, вклучително и оние кои не се поврзани со спорната нуклеарна програма.

Иран ја продолжи својата програма за збогатување со ураниум додека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека нејзините инспектори биле третирани грубо и не им бил дозволен пристап за поставување на нови камери за надзор на една од спорните локации.

Американскиот претставник, Роберт Мали предупреди дека Вашингтон е подготвен да го зголеми притисокот врз Техеран доколку преговорите не успеат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!