Вие имате прво да ја знаете вистината

Овие намирници треба да ги избегнувате за појадок

Изборот на храна за овој оброк е исто така многу важен доколку сакате да ја одржите фит линијата.

Еве неколку намирници кои треба да ги избегнувате доколку сакате да бидете во топ форма.

Млечните производи кои се означени како лесна варијанта не се добар избор за појадок, бидејќи имаат низок процент на масти и не содржат доволно протеини, па побрзо ќе почувствувате глад.

Научните истражувања покажаа дека јогуртот со поголем процент на масти придонесува за слабеење, за разлика од неговата „лесна“ варијанта.

Друга храна на оваа листа која може да ве изненади е цеден сок, особено од цитрус, како портокали.

Нутриционистите тврдат дека повеќето овошни сокови содржат иста количина шеќер како и купениот сок, поради што не се препорачуваат како напиток за појадок, бидејќи можат да влијаат на линијата.

Дополнително, кога се консумира сокот, нема џвакање, поради што нема да имате чувство дека нешто сте внеле во организмот.

На оваа листа на храна што треба да се избегнува за појадок треба да се додаде путер.

Иако содржи многу витамини, меѓу кои најважни се А и Е, а освен здрави масти, путерот содржи и многу заситени масти кои можат штетно да делуваат на срцето и крвните садови и на тој начин да придонесат за дебелеење .

Како замена, нутриционистите препорачуваат путер од кикирики, бидејќи го намалува чувството на глад.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!