Вие имате прво да ја знаете вистината

Паника владее во Украина: Поради новата варијанта на Ковид-19, Омикрон, воведен е задолжителен 14-дневен карантин

Украина воведе задолжителен 14-дневен карантин за патниците од седум африкански држави поради новата варијанта на Ковид-19 односно Омикрон.

Во соопштението на Министерството за здравство се вели дека 14-дневен карантин ќе биде воведен за патниците кои поминале повеќе од една недела во изминатите 14 дена во Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватинија и Мозамбик.

Во исто време, на Украинците им беше препорачано да избегнуваат патување во овие седум држави. Исто така надлежните ги советуваат граѓаните да ја почитуваат социјалната дистанца и носењето на маски во затворените простории.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!