Вие имате прво да ја знаете вистината

ПАНИКА ВО ПРИШТИНА! Се подготвува напад од големи размери, итно предупредување од странските амбасади

Нападот се очекува до крајот на месецот

Странските дипломатски претставништва во Приштина ги предупредија своите вработени да избегнуваат гужви и големи трговски центри, бидејќи според нивните информации постои ризик од можен напад до 30 ноември.

Според некои информации, безбедносната закана доаѓа од едно лице.

За оваа информација биле информирани безбедносните органи, но изјавиле дека не гледаат никаква опасност и ја следат ситуацијата, пишува приштинскиот весник Коха.

Во зависност од природата на информациите и резултатите од анализата, полицијата презема оперативни дејствија во соработка и координација со правосудството, во интерес на одржување на јавниот ред и безбедност во државата – соопшти полицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!