Вие имате прво да ја знаете вистината

Само Влаховиќ може да го спаси Јувентус: Италјанскиот гигант донесе одлука за итно ангажирање на српскиот репрезентативец

Од утрово е бурно во Торино. Јувентус како апсолутен приоритет го постави итниот ангажман на Душан Влаховиќ !

Српскиот напаѓач му е неопходен на клубот од Торино за да ја спаси сезоната – наведува порталот ЈuventusNews24 и објаснува:

По натпреварот против Аталанта, сосема е јасно дека на клубот му треба класичен напаѓач кој постигнува голови. Душан Влаховиќ го прави токму тоа, носи многу голови, а моментално Мората малку. Затоа приоритет е доаѓањето на српскиот напаѓач, веќе во зимскиот преоден рок – се вели во текстот.

Сепак, нема да помине се така лесно. За Влаховиќ се заинтересирани речиси сите европски великани. А последниот клуб на кој би го продаде Фиорентина се вика Јувентус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!