Вие имате прво да ја знаете вистината

Седмица за Меси, златната топка во рацете на Аргентинецот, светот се поклони пред него

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси ја освои Златната топка.

Ова е седми пат како Аргентинецот ја освојува оваа награда, што го издвојува од првиот следбеник кој има пет.

Во трката за оваа Златна топка Меси го совлада Роберт Левандвски, кој ја доби утешната наградата утешната за најдобар напаѓач на годината.

Со тоа тој стана само вториот играч од францускиот шампионат кој ја добил оваа награда по Жан-Пјер Папен, кој беше прогласен за најдобар во 1991 година.

Петте најдобри ги заокружија фудбалерот на Челзи и победник на ЕП со Италија, Жоржињо, напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема и уште еден фудбалер на „сините“, Нголо Канте.

На шестото место се најде Кристијано Роналдо, кој не присуствуваше ниту на доделувањето. Ова е првпат од 2010 година Португалецот да заврши надвор од првите пет. Седми беше Мохамед Салах, осми Кевин Де Брујне, додека деветти Килијан Мбапе – неговиот најлош пласман.

Првата десетка ја заокружи Џанлуиџи Донарума, најдобриот играч на последното Европско првенство.

Наградата за најдобар млад играч ја освои фудбалерот на Барселона Педри.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!