Вие имате прво да ја знаете вистината

Српската Џенифер Лопез повторно и донесе среќа на Хрватите за време на натпревар од Дејвис купот. Погледнете зошто момчињата лудуваат по неа!

Ретко кој може да остане рамнодушен на изгледот на Маријана Вељовиќ, а се чини дека Србинката засекогаш ја купила наклонетоста на Хрватите.

Во претходните години Маријана стана една од најпознатите тениски судии во светот. Секако, најважниот факт е дека таа ја работи својата работа на исклучително високо ниво, но факт е дека со својот атрактивен изглед го заслужи вниманието на фановите, но и на некои тенисери.

Вељовиќ остана во добро сеќавање на љубителите на тенисот во Хрватска кога беше во 2018 година, кога таа беше една од судиите во финалето на Дејвис купот што Хрватите го играа против Франција. Хрватите тогаш ја освоија титулата, а во Лил гласно се слушна песна посветена на Србинката – Маријана, слатка малечка Маријана.

Три години подоцна, повторно доаѓа Дејвис купот и повторно Хрватска дел од истиот.

Маријана го судеше мечот на Нин Сердарушиќ кој го совлада Унгарецот, Марозан и донесе 1:0 за Хрватска и четвртфинале. Хрватите не можеа да го прослават успехот без да им се заблагодарат на убавата србинка.


Хрватите веруваат дека таа им донела среќа на нивната репрезентација, па уште еднаш ја пофалија. Порталот „24 часа“ потсети дека на Австралија опен, Маријана ја викале „Српската Џенифер Лопез“. 


Таа во Мелбурн ладнокрвно се справи со протестите на Роџер Федерер, а подоцна и на Ник Кирјос, а во текот на кариерата наиде на различни ситуации. Борис Бекер имаше проблеми поради една изјава, на едно емитување имаше „сексуален“ коментар во кој кажа – Таа е толку убава, важно е јадењето да е вкусно и убаво да изгледа.

Секако, таа неминовно наидува на додворување, а еден од оние кои се обиделе да ја заведат Вељовиќ е 13-от тенисер во светот Диего Шварцман, додека заносната Џени Бушар и порачала дека е убава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!