Вие имате прво да ја знаете вистината

Ставете крај на вештачко засладените пијалоци, ова се намирниците со кои ги зголемувате шансите за мозочен удар три пати повеќе!

Според Американското здружение за срце и срцеви болести, повеќе од три четвртини од пациентите кои имале мозочен удар имаат висок крвен притисок.

Лекарите кажуваат дека најдобар начин да се избегне мозочен удар е редовното намалување на крвниот притисок, што најбезбедно се регулира со конзумирање на правилна исхрана.

А за да биде навистина правилна исхраната, потребно е, како што кажуваат лекарите, од неа да се извадат вештачки засладените пијалоци бидејќи тие можат тројно да го зголемат ризикот од мозочен удар, доколку ги пиете само еднаш дневно.

Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бостон го следеа долгорочното влијание на консумирањето вештачки засладени пијалоци на 3.000 учесници на возраст од над 45 години. Според нивните наоди, учесниците кои пиеле барем еден диетален пијалок дневно имале речиси двојно поголема веројатност да доживеат мозочен удар, а три пати поголеми шанси да имаат исхемичен мозочен удар.

Покрај тоа, студијата покажа дека луѓето кои секојдневно консумираат диетални пијалоци имаат три пати поголема веројатност да развијат деменција.

Главниот проблем со вештачките засладени (диететски) пијалоци е тоа што тие се продаваат како поздрави алтернативи на пијалоците засладени со шеќер, а во никој случај не се – изјави поранешниот претседател на Американското здружение за срце и претседател на Одделот за неврологија во Милер, Универзитетската школа за медицина во Мајами, Флорида.

Според Американското здружение за срце и неколку други големи студии, сите газирани пијалоци се поврзани со голем број здравствени проблеми, како што се дијабетес тип 2, срцев удар и васкуларна смрт, вклучувајќи и мозочен удар и деменција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!