Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Не е познато дали Омикрон е поопасен од другите варијанти на вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се уште не е познато дали новиот вид на Ковид-19, Омикрон е поопасен од претходните, ниту пак се знае дали е позаразен во однос на претходните варијанти, особено во однос на доминантната делта варијанта.

СЗО наведува дека истражувачите во Јужна Африка, каде за прв пат се појави варијантата, и остатокот од светот, спроведуваат студии со цел подобро да ги разберат сите аспекти на Омикронот, објави веб-страницата на СЗО.

Бројот на заразени луѓе во Јужна Африка расте во областите погодени од овој вид, но во тек се епидемиолошки студии за да се утврди дали тој број е засегнат од Омикрон или други фактори. Сè уште не е познато дали овој вид предизвикува поопасен тек на Ковид-19 вирусот. Прелиминарните податоци покажуваат дека има зголемување на хоспитализирањата во Јужна Африка, но тоа е можеби затоа што се зголемува бројот на пациенти во светот, а не поради Омикрон. Засега нема информации дека симптомите поврзани со Омикрон се различни од други соеви, се додава во соопштението.

СЗО посочува дека прелиминарните резултати покажуваат дека може да има зголемен ризик од реинфекција поради Омикрон, но информациите се ограничени.

Кога станува збор за вакцините, СЗО ја нагласува соработката со технички партнери ширум светот за да се разбере потенцијалното влијание на соевите врз постоечките мерки, вклучително и вакцините.

Вакцините остануваат клучни за намалување на тешките болести или смртни случаи, вклучително и доминантната делта варијанта, соопштуваат од СЗО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!