Вие имате прво да ја знаете вистината

Тешка судбина за Ана Бекута: Остана без две блиски личности за седум дена

Пејачката Ана Бекута претрпе две големи загуби во претходните седум дена.

Нејзиниот долгогодишен партнер, политичар, почесен претседател на СПС и пратеник, Милутин Мркоњиќ почина во саботата на 27 ноември, а нејзината кума Мерима Његомир почина седум дена порано, во саботата на 20 ноември.

Ана скршена од болка кратко проговори за медиумите по смртта на Милутин.

Мојот Милутин го нема. Ве молам сите да ме разберете со оваа болка што нема да ја споделувам- изјави Бекута.

Таа со емотивна порака на својот Инстаграм профил се прости од кумата Мерима Његомир.

Твојот глас сè уште ечи во моите уши… Оваа фотографија е направена во мај, во моментот кога пеевме во дует „Тешко е да се сака тајно“… Влези во Царството Господово и вечнот живот, напиша Ана.

Мрка, Ана и Мерима за последен пат беа пред камерите на телевизија Курир во емисијата „Сценирање“, кога двете го изненадија за неговиот 79-ти роденден.

Да потсетиме, Ана до последниот ден беше со Мркоњиќ, а по операцијата во август, таа пред неколку месеци проговори за нивната љубов вака:

Најдобрите работи се случуваат кога најмалку ги очекуваме. Едноставно попуштив и реков: Господ нека ми прати што мисли дека ми треба. Да не губиме надеж без разлика на несреќите и бродоломите. Вистинската личност се појавува кога сте подготвени за тоа, кога се сакате себеси. Навистина чекав, првата половина од животот помина во потрага. Кога се запознавме, јас имав 52 години, тој речиси 70. Но, да се сретневме порано, можеби немаше да се препознаеме. Не дека знаеме што е љубов во дваесетите и триесетите… Дури подоцна го разбираме тоа, кога со мудрост и искуство на нивно место ќе се стават некои вредности – истакна Ана пред неколку месеци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!