Вие имате прво да ја знаете вистината

Убиецот на Аркан требало да биде ликвидиран во болницата. Жарко Поповиќ открива зошто овој план никогаш не се реализирал

Убиецот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, Добросав Гавриќ, требало да биде ликвидиран во болницата во Лозница.

Ова го откри долгогодишниот началник на Одделот за крв и сексуални деликти, Жарко Поповиќ – Поп со детален опис како овој план бил попречен од полицијата.

По убиството на Ражнатовиќ и двајца негови пријатели во белградскиот хотел Интер-Kонтинентал, убиецот Гавриќ е тешко ранет и завршил во болницата во Лозница. Според информациите со кои располага Поповиќ, тој требало да биде таму и ликвидиран.

Драган Николиќ Гага му помогна на ранетиот Гавриќ да излезе од хотелот и го однел до одредено местото во Нов Белград, каде што го презел Дејан Питулиќ, и го пренел во болницата во Лозница. Тие прво го однеле на приватен лекар. Но, кога тој доктор видел какви повреди има Гавриќ, рекол дека мора да оди во државна болница на операција, и дека му треба трансфузија бидејќи тој ги немал тие услови – ги открива своите наоди Поповиќ.

Додека ранетиот Гавриќ бил во транспорт, во Лозница веќе пристигнал службениот автомобил на МВР. Во тоа возило под ротација имало еден доктор и еден белградски „академик“. Кои сакаа да го убијат Гавриќ, да се ослободат од него и да го закопаат некаде. Но, полицијата веќе ја блокираше болницата во која беше опериран Гавриќ и така оваа акција пропадна – Поповиќ го открива тајниот план.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!