Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Шкотска регистрирани четири заразени со Омикрон. Заразените не се поврзани со патување во Африка !?

Шкотските власти соопштија дека четири случаи на зараза со новата Ковид-19 варијанта биле откриени во Ланаркшир, еден во областа Голем Глазгов и еден во областа Клајд.

Следењето на контактот треба да ни помогне да го одредиме потеклото на вирусот, – стои во соопштението од надлежните.

Експертите сега ги следат контактите на заразените за да утврдат каде точно се заразиле и со кого биле во контакт последните недели, пишува BBC.

Сите ќе добијат стручна помош и поддршка, а јавното здравство на Шкотска ќе ги следи контактите на заразените. Ова треба да ни помогне да го утврдиме потеклото на вирусот и да ги пронајдеме оние со кои заразените биле во контакт во последните неколку недели, изјави министерот за здравство, Хумза Јусаф.

Заменик министерот, Џон Свини изјави за порограмата на BBC – Добро утро Шкотска, дека во некои случаи немало историја на патување.

Ова ни кажува дека постои одреден степен на пренесување на овој вид на вирус во заедницата, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!