Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Швајцарија корона мерките бетонирани со референдум, 62 отсто кажаа ЗА

Швајцарците дадоа јасна поддршка на законот со кој се воведе систем според кој само луѓето кои имаат специјални пропусници за ковид-19, кои им се даваат на оние кои се вакцинирани, оздравени од коронавирусот или се негативни на тестот за корона, можат да посетуваат ресторани и барови и присуствуваат на јавни собири.

Според конечните резултати, 62 отсто од гласачите го поддржале законот кој веќе е во сила, пренесе АП.

Со гласање на „законот за ковид-19“ Швајцарците го поддржаа и обезбедувањето финансиска помош за работниците и компаниите погодени од пандемијата, во време кога Швајцарија, како и многу други нации во Европа, се соочува со голем пораст на нови инфекции.

Швајцарската федерална влада, за разлика од другите држави, не одговори со воведување нови рестриктивни мерки.

Од 26 кантони, само два гласаа против законот, а тоа се конзервативни, рурални кантони на истокот на Швајцарија.

Одѕивот на гласачите беше 65,7 отсто, што е невообичаено висока бројка во земја која одржува референдуми неколку пати годишно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!