Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ најави повлекување: 10 години се доволни! Треба да знаеме кога е време да им отстапиме место на помладите!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа гостува во емисијата Хит Твит на Телевизија Пинк.

Со него во студиото беа и Љиљана Смајловиќ, колумнист на весникот „Недељник“ и Раде Вељановски од Граѓанско демократски форум.

Вучиќ изјави дека е презадоволен од синоќешната свечена академија во Старк Арена и истакна дека бројот на луѓе бил толку голем што не можеле сите да влезат. Тој рече дека 10 години на чело на партијата се сосема доволни.

Сите постојано велат дека ни требаат млади луѓе, а потоа мислат дека тоа не важи за нив. Обично луѓето се замрзнати со години и не сфаќаат дека се заменливи. Што се однесува до епидемиолошките мерки, на сите им се дадени маски, а бројот на заразени паѓа. Три пати го одложувавме митингот, а да не зборуваме за лицемерието на оние кои секојдневно повикуваа на протести. Денеска имаше дури два собири – рече Вучиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!