Вие имате прво да ја знаете вистината

Атлетиката завиена во црно: Почина поранешниот светски шампион и поранешниот сопруг на Мерион Џонс

Почина Си Џеј Хантер, поранешен светски шампион во фрлачки дисциплини од 1999 година. Оваа информација денеска ја соопшти Американската национална асоцијација на тренери во дисциплини во фрлање.

Хантер беше поранешен сопруг на американската спринтерска ѕвезда, Мерион Џонс. Во соопштението не се наведени причините за неговата смрт на 52-годишна возраст.

Си Џеј Хантер стана светски шампион во 1999 година во Севиља, а претходно се закити со бронзата во 1997 година. Тој го освои седмото место во финалето на Олимпијадата во Атланта во 1996 година, а две години подоцна го привлече вниманието на светските медиуми со бракот со спринтерската ѕвезда Мерион Џонс, која беше троен светски шампион во спринт на 100 метри и 4х100 метри и освојувач на пет медали на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година (три златни, две бронзени).

Сепак, на Џонс и беа одземени сите почести, откако во 2007 година призна дека се допингувала со стероиди две години пред Олимписките игри. Си Џеј Хантер не беше во Сиднеј на Игрите за кои се квалификуваше пред да се пензионира поради повреда, а една од причините е што подоцна беше откриено дека бил позитивен поради присуството на супстанцијата нандролон три месеци претходно.

Си Џеј Хантер ја заврши кариерата во 2001 година, пред да се разведе од Марион Џонс во 2002 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!