Вие имате прво да ја знаете вистината

Борис Џонсон: Цел на британската влада е до јануари идната година на сите полнолетни граѓани да им биде овозможена трета односно бустер доза

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека целта на британската влада е до крајот на јануари да може да понуди трета односно бустер доза од вакцината против Ковид-19 на сите возрасни лица. Тој, исто така, ги повика Британците да продолжат да се борат против Омикрон, новиот вид на вирусот со почитување на мерките.

Има нешто во што сме сигурни, а тоа е дека најдобрата одбрана од вирусот е да се вакцинираме, изјави Џонсон.

Владата на Велика Британија вчера објави дека бустер дозата ќе им биде понудена на сите постари од 18 години и дека интервалот помеѓу втората и третата доза ќе се намали од шест на три месеци.

За да се постигне тоа, ќе бидат поставени привремени центри за вакцинација исто како новогодишни елки, а повеќе од 400 војници ќе бидат распоредени да им помогнат на здравствените работници од Националната здравствена служба и волонтерите, изјави Борис Џонсон.

Тој беше заразен со Ковид-19 со тешка форма во пролетта 2020 година. Британскиот премиер изјави дека е свесен дека луѓето се уморни и дека им е доста од мерки, но посочи дека ситуацијата е се уште подобра од пред една година. Во Велика Британија сега има повеќе од 80 отсто двојно вакцинирани граѓани кои се на возраст од над 12 години, додека околу 31,1 отсто од таа популација примила и бустер доза.

Преземаме мерки на претпазливост додека нашите научници не откријат повеќе за новиот вид Омикрон, ја заврши својата изјава Џонсон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!