Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали на САД им се заканува отцепување на Тексас и Калифорнија, едни од најголемите сојузни држави !?

Американското општество е многу поделено, поради што се покрена темата за отцепување на Тексас и Калифорнија од САД, пренесува култната новинарска куќа Bloomberg.

Според новинарите, излегувањето на Тексас од САД, многу брзо може да стане дел од реалноста, а истото се однесува и за Калифорнија која што има слични амбиции како Тексас.

Наводно, доказ за тоа се бројните испитувања на јавното мислење во Соединетите Американски Држави.

Денеска во САД сме сведоци и имаме два спротивставени, радикално различни и меѓусебно исклучувачки концепти за добрина, правда и соодветна улога на државата во односите со граѓаните – изјави конзервативецот Дејвид Рибо.

Читателите на Bloomberg забележуваат дека САД се поделена на сини и црвени држави.

Веста за одвојување на државите буквално ги згрози жителите на САД.

Територијата на Калифорнија е крајот на САД. Калифорнија е петта по големина економија во светот. И тоа не е само висока технологија. Одете во која било продавница и забележете дека огромното мнозинство на производи се од Калифорнија – пишува еден коментатор.

Друг читател ги поздрави сепаратистичките намери на некои држави и ја поддржа нивната желба за отцепување.

Претходно жителите на градот Бангор во сојузната држава Мејн изразија загриженост поради зимата и инфлацијата.

Многу граѓани на САД ја критикуваа владата и се пожалија дека биле принудени да се откажат од многу бенефиции поради скокот на цената за живот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!