Вие имате прво да ја знаете вистината

Дарко Шариќ ги замоли судиите: Проследете го транскриптот од разговорот помеѓу мене и Небојша Јоксовиќ, а потоа донесете одлука

Денеска заврши седницата пред Апелацискиот суд во Белград, на која се расправаше за првостепената пресуда на Специјалниот суд и поднесените жалби на одлуката за Дарко Шариќ да се осуди на 15 години затвор поради трговија со дрога. Со оваа пресуда, членовите на неговата криминална група беа осудени и на неколку години затвор.

Ова е, инаку, втора апелациска седница по ред, откако Врховниот суд го укина претходното решение на Апелација со кое беше потврдена првостепената пресуда. Тоа е направено затоа што било утврдено дека судијата кој бил во советот на Апелациониот суд, претходно одлучувал за продолжување на притворот за Шариќ.

Пљевљак денеска изјави дека треба да се слуша транскриптот од разговорот помеѓу него и Небојша Јоксовиќ, кој има статус на соработник и сведок во оваа постапка. Пљевљак истакна дека тогаш на судиите ќе им биде јасно дека Јоксовиќ лаже, а потоа ќе им биде јасен и нивниот однос. 

Тој потоа до советот достави потврда, врз основа на која, како што е наведно, наводно се докажува дека пресудата против него е фалсификат, бидејќи судијата Синиша Петровиќ, при усното образложение на решението, меѓу другото посочил работи, дека не е докажана таа корист од 47 милиони евра, односно дека не ја напишал во првостепеното решение.

Тоа не е мала работа, бидејќи како последица на тоа е поведена постапка за конфискација на мојот имот – изјави Шариќ. 

Откако сите учесници во постапката ќе ги поднесат жалбите, пет-члениот совет на Апелациониот суд во приватен дел ќе одлучува дали ќе ја потврди пресудата, или ќе ја промени или пак ќе го отвори главниот претрес. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!