Жител на село во близина на Омск, на југозапад од Сибир, е обвинет дека прво го претепал својот татко со чекан, а потоа жив го закопал во дворот на куќата, соопшти регионалното обвинителство.
Полицијата утврдила дека 55-годишниот маж се напил и се скарал со својот 78-годишен татко, со кој живеел во иста куќа, пренесува РИА Новости.
Расправијата прераснала во сериозен конфликт и пријавениот со чекан неколку пати го удрил татко му по главата.
Откако сфатил дека татко му не е мртов, го завиткал во ќебе кое го врзал со јаже и го закопал во дворот.
Обдукцијата покажала дека несреќниот старец умирал најмалку три часа.