Вие имате прво да ја знаете вистината

Го помина патот од олимписки шампион до убиец: И го одзема животот на својата девојка пред 8 години, а дури сега ќе се соочи со нејзините родители

Поранешниот јужноафрикански параолимписки шампион Оскар Писториус е префрлен во затвор во Порт Елизабет, каде ќе се сретне со родителите на Рива Стенкамп, девојката што ја убил во 2013 година, јавува Би-Би-Си.

Состанокот може да придонесе 35-годишниот Писториус да биде условно пуштен на слобода.

Поранешниот параатлетичар од Јужна Африка првично беше осуден на пет години затвор за убиство на својата девојка од небрежност, но во 2014 година делото беше окарактеризирано како убиство со умисла и казната беше променета на 13 години и пет месеци.

Мајката на Рива Стенкамп му простила на Оскар за убиството на нејзината ќерка, но тоа не значи дека Писториус треба да биде ослободен пред целосно да ја одлежи казната – изјави Тања Коен, семејната адвокатка на Стенкамп.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!