Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем скандал ја тресе Кина: обајвени доверливи документи со кои претседателот на државата Си Џинпинг е обвинет за геноцид!?

На интернет се појавија шокантни извадоци од досега необјавени документи кои директно ги поврзуваат кинеските власти со протерувањето и насилството врз Ујгурите и другите малцинства од провинцијата Ксинџијанг. Добар дел од извадоците се однесуваат на изјавите на кинеските лидери во 2014 година, пренесува британски The Guardian.

Документите вклучуваат три говори на кинескиот претседател, Си Џинпинг, кои се однесуваат на безбедноста, контролата на населението и потребата да се казни ујгурското муслиманско население. Многу од документите носат знак за највисока државна тајна, а дојдоа во рацете на германскиот академик, Адријан Зенц.

Во многу од документите се споменуваат некои од најистакнатите функционери на Кинеската комунистичка партија (ККП) кои повикуваат на превоспитување на Ујгурите и нивно преместување со цел да се воспостави рамнотежа помеѓу нивното население и бројот на Кинезите Хан (доминантни етнички групи во Кина) во Ксинџијанг.

Зенз кажува дека документите се од големо значење бидејќи ја докажуваат врската помеѓу официјален Пекинг и протерувањето на Ујгурите и нивното сместување во кампови за превоспитување и единици за принудна работа со цел да се зголеми популацијата на Хан Кинези во регионот. Тој додава дека документите ја покажуваат упорноста на Кина во културен геноцид со цел консолидирање на моќта на Партијата.

Документите беа целосно доставени до независниот суд за прашањата на Ујгурите во дигитална форма. Станува збор за независен суд основан во 2020 година, со седиште во Велика Британија, во кој адвокатите и истражителите работат со цел да собираат докази за кинеските злосторства во провинцијата Ксинџијанг. На чело на судот е Џефри Најс, главниот хашки обвинител во случајот против Слободан Милошевиќ. 

Иако ги добија документите во целост, беа објавени само фрагменти за да се заштити изворот и истрагата. Наместо транскрипти, објавени се цитати и исцрпни анализи на документи. Транскриптите беа анализирани во посебни трудови од др. Џејмс Милвард, професор по социјална историја на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и др. Дејвид Тобин, предавач по источноазиски студии на Универзитетот Шевилд.

Протекоа вкупно 11 документи кои содржат повеќе од 300 страници чувствителен материјал создаден во периодот од 2014 до 2018 година.

Зенз кажува дека дел од овие информации веќе се објавени во јавноста, во големиот извештај на весникот Њујорк Тајмс 2019 година.

Претседателот на Кина, Си Џинпинг претходно изјави дека е одговорен за надворешната политика, но и за обезбедувањето на стабилност во Кина. Тој веруваше дека сите кинески аспирации и цели на 21 век ќе бидат загрозени доколку не се реши ситуацијата во Ксинџијанг.

Тој ги даде забелешките неколку недели откако повика на правда и сите напори да се казнат оние кои убиле 31 лице и раниле повеќе од 140 со ножеви во југозападниот град Кунминг на 1 март, за што се обвинети сепаратистите во Ксинџијанг.

Во својот говор, Си Џинпинг го повика целиот регион да се вклучи во апсолутна борба со цел да се запре ширењето на насилните терористички активности низ Кина. Тој заклучува дека насилството веќе се проширило низ целата земја и дека религиозните фанатици се „ѓаволи кои ќе ве убијат без да трепнете“, а верскиот екстремизам го нарече „моќна психоделична дрога“. Затоа тој повика на реформа на општеството. Наместо да ги апси Ујгурите, тој сметал дека е најдобро да ги носи муслиманите во кампови за превоспитување, пишува британски The Guardian.

Во друг документ, секретарот на партијата, Чен Жанггуо лично им наредува на своите службеници да ги соберат сите Ујгури и да ги однесат во камповитеи додава дека камповите за превоспитување мора да функционираат беспрекорно.

Во еден од говорите, тој смета дека безбедноста и големината на кинеското население Хан се клучни за опстанокот на регионот и дека нивниот број во Ксинџијанг е премал.

Други доверливи документи, исто така, зборуваат за „сериозна етничка нерамнотежа“ и „сериозна моноетничка припадност“ или премногу Ујгури во јужен Ксинџијанг. Тие размислуваат како најмалку 300.000 Кинези Хан треба да се населат во покраината во 2022 година и како да го остранат доминантното население во таа област.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!