Вие имате прво да ја знаете вистината

Икер Касиљас јавно ја критикуваше одлуката за Златната топка да се додели на Лионел Меси

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас јавно ја критикуваше последната доделена награда на Златната топка за најдобар светски фудбалер, која во понеделникот по седми пат ја освои Лионел Меси, објавија шпанските медиуми.  

Секој пат е се потешко да се верува во овие фудбалски награди. За мене Меси е еден од најдобрите играчи во целата историја на фудбалот, но мора да почнеме да гледаме кој најмногу се истакна во сезоната. Не е толку тешко, но некој други го комплицираат – објави Касиљас на својот официјален Твитер профил.

Меси минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во шпанското првенство, а со аргентинската репрезентација ја освои титулата шампион на Јужна Америка.

Второто место во гласањето му припадна на Полјакот, Роберт Левандовски, кој постигна 41 првенствен гол и со екипата на Баерн ја освои Бундес лигата, додека трет беше Италијанецот, Жоргињо, кој беше европски клубски првак со Челзи и со италијанската репрезентација на Европското првенство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!