Вие имате прво да ја знаете вистината

Истакнат Германски епидемиолог тврди: Новиот вид на Ковид-19, Омикрон можеби е божиќен подарок што ќе го забрза крајот на пандемијата

Новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон може да се покаже како божиќен подарок, под услов да предизвикува поблага клиничка слика, тврди германскиот епидемиолог, Карл Лаутербах. Неговата изјава доаѓа откако раководителот на Јужноафриканската медицинска асоцијација (САМА) објави дека овој вид се чини дека предизвикува помалку сериозни симптоми.

Лекарите од САМА тврдат дека овој вид на вирусот предизвикува поблаги симптоми – како што се главоболки и замор. Тие наведуваат и дека Омикрон не доведувал до хоспитализација или смрт.

Случаите откриени досега во Јужна Африка не се сериозни, изјави за BBC, Анџелик Коетзи, која претседава со Јужноафриканската медицинска асоцијација.

Сепак, истражувањето на овој нов вид се уште е во многу рана фаза, додаде таа, и укажувајќи на фактот дека само 24 отсто од луѓето во земјава се целосно вакцинирани.

Пациентите најмногу се жалат на болки во телото и замор, екстремен замор, а тоа го гледаме кај помладата генерација, а не кај постарите луѓе, изјавува таа.

Треба да се напомене дека просечната возраст на населението во Јужна Африка е значително пониска отколку во Европа, па ова може да биде објаснување и за помалиот број на хоспитализирани.

Професорот, Карл Лаутербах, епидемиолог кој има амбивии да стане следниот германски министер за здравство, изјави дека според првите достапни податоци, Омикрон би можел да биде божиќен подарок што може дури и да го забрза крајот на пандемијата.

Поголемиот број на мутации може да значи дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен, изјави Лаутербах, и додаде, ова би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!