Вие имате прво да ја знаете вистината

Казна од 100 евра за невакцинираните граѓани на Грција кои се постари од 60 години!

Соседна Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казнува лицата на возраст од 60 и повеќе години кои не ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19.

Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од нов бран и зголемување на бројот на нови случаи како и зголемување со хоспитализацијата на пациенти заразени од Ковид-19.

Мерката ќе стапи на сила од 16 јануари идната година, а нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини или изнемоштеност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!