Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко: Ќе им понудиме на Русија да поседуваме нуклеарно оружје на своја териорија

Белорусија ќе му понуди на својот сосед Русија, да располага на своја територија со нуклеарно оружје кое ќе го добие од Русија, доколку нуклеарното оружје на земјите од НАТО е во Полска, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Оваа изјава на Лукашенко следува откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг претходно изјави дека ако Германија одбие да распореди нуклеарно оружје на своја територија, тоа би можело да заврши во други европски земји, вклучително и во Полска.

На прашањето за какви нуклеарни системи станува збор, Лукашенко изјави дека тоа ќе биде предмет на договор помеѓу двете држави. 

Нуклеарно оружје ќе биде најефективно во таква ситуација. Подготвени сме за тоа да го имаме на територијата на Белорусија – додаде тој во својата изјава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!