Вие имате прво да ја знаете вистината

Младата холивудска актерка сосема неочекувано се појави на црвениот тепих, на доделувањето на Златната топка и го украде целото шоу! (фото)

На доделувањето на Златната топка за најдобар фудбалски играч на светот во 2021 година во Париз, познатиот аргентински фудбалер, Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Покрај познатите фудбалери и луѓе од светот на спортот, на црвениот тепих прошетаа и ѕвезди од забавното милје, помеѓу кои е и младата американска актерка, пејачка, танчерка и модел Зендаја Мари Стоермер (25), која не престанува да ги воодушевува својте фанови.

Наскоро Зендаја има премиера на продолжението од серијата филмови Спајдермен каде таа има една од главните улоги а фановите со нетрпение го чекаат филмот.

Таа им позираше на фоторепортерите во необично долг „антички фустан“ потпишан од модниот бренд Роберто Кавали а создаден во 2000 година.

Фустанот напред на прв поглед изгледа како многу пристоен и класичен црн вечерен фустан. Сепак, одзади е отворен и поврзан со фантастичен златен синџир во форма на скорпија и стоногалка.

Сосема очекувано по нејзиното појавување на црвениот тепих на престижната церемонија, социјалните мрежи се потресоа. Стајлингот таа го комплетираше со елегантна пунџа и златни обетки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!