Вие имате прво да ја знаете вистината

Мора да се активира националната гарда за да се спречи овој хаос, Доналд Трамп му порача на Џо Бајден: Вакво нешто до сега се нема случено!

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп ги повика демократските градски лидери да ја ангажираат и донесат Националната гарда за да помогнат во борбата против масовните грабежи низ целата земја.

Доколку демократите веднаш не го запрат грабежот што се случува во нивните градови, мора да се повика Националната гарда, изјави поранешниот претседател.

Претходно овој месец, група од околу 40 крадци упаднаа во луксузната продавницата на модниот бренд, Луј Витон во Сан Франциско, кршејќи ги прозорците и крадејќи ги сите предмети што им беа на дофат пред да ги натоварат во автомобилите што ги чекаа надвор. Побегнале со украдени работи со вредност од над милион долари.

Вакво нешто никогаш не се случило кај нас. Многу продавници го напуштаат Сан Франциско и другите градови. Некои синџири на познати брендови ги затвораат повеќето од нивните дуќани, а сето тоа е неверојатно – изјави Трамп.

За време на големите попусти односно „Black Friday“ (црн петок), организирана група разбојници ја ограбиле продавницата Boteg Veneto во Лос Анџелес пред да се упатат кон Home Depot каде и таму украле се. Во синџирот за уредување домови земале многу вредни работи а потоа избегале со десет автомобили во различни правци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!