Вие имате прво да ја знаете вистината

Необичен украс, на божиќната елка на Џо Бајден во Белата куќа виси фотографија од Доналд Трамп

Меѓу изобилството украси на божиќната елката беше и фотографијата на семејството Трамп. Америка не била никогаш поподелена, а Џо Бајден, барем симболично, се обидува да ја смири топката во пресрет на божиќните празници.

За време на посетата во понеделникот, новинарите прошетаа низ раскошно украсената и осветлена Бела куќа за Божиќ во традиционален стил.

Но, најмногу од сè, тие беа привлечени од украсите под надзор на првата дама Џил Бајден, детали кои потсетуваат на претходните жители на Белата куќа.

Семејството Бајден закачи врамена фотографија од двојката Трамп меѓу фотографиите од другите претседателски парови кои висат на една од нивните новогодишни елки. Тие прикажаа и честитки потпишани од Доналд Трамп .

И покрај антагонизмот меѓу поранешниот и сегашниот претседател, Џо Бајден речиси никогаш не го изговара името на неговиот претходник, кого го споменува како „другиот“. А Доналд Трамп сè уште тврди дека е победник на претседателските избори во 2020 година.

Кога влегле во Белата куќа, Трампови игнорирале некои обичаи кои го придружуваат учтивото пренесување на власта, па не ги поканиле своите претходници на чај. Доналд Трамп не го покани Барак Обама на свечената церемонија на изложување на официјалниот портрет на Обама.

Белата куќа стави голем акцент на учеството на Џил Бајден во подготовките за празниците, истакнувајќи дека првата дама нарачала дополнителни украси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!