Вие имате прво да ја знаете вистината

Паника на полуостровот, силен ветар го разори Крим, 60.000 луѓе останаа без електрична енергија, има повредени (видео)

Хидрометеоролошкиот центар предупреди на многу силен ветер на полуостровот од 25 до 30 метри во секунда, а на планините 35 метри во секунда, што се смета за ураган според Бофорова скала.

Во последните четири дена од ноември на Крим беше издадено предупредување поради обилните дождови и ветерот, кои оставија околу 56.000 луѓе без струја , соопшти Министерството за енергетика на Русија.

Прес-службата на владата на Крим соопшти дека сите оперативни служби и одделенија во земјата се во состојба на готовност поради бурниот ветер, а на жителите на Крим им се препорачува да не ги напуштаат своите домови од безбедносни причини.

Според податоците на хидрометеоролошкиот центар, на 29 и 30 ноември во јужните, централните и источните области на Крим ќе врне пороен дожд, а денес се очекува снег на планините. Хидрометеоролошкиот центар предупреди на многу силен ветер на полуостровот – до 25-30 метри во секунда, а на планините 35 метри во секунда, што се смета за ураган според Бофорова скала.

Во исто време, Кримјаните известуваат дека без струја останале неколку региони на Симферопол, вклучително и централниот дел на градот, како и неколку села во таа област. Во Симферопол се соборени неколку големи дрвја, оштетени се автомобили и покриви на куќи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!