Вие имате прво да ја знаете вистината

Патувањето до најпознатиот потонат брод во светот Титаник ќе чини 250.000 долари!

Откако беше откриен на морското дно во Северен Атлантик во 1985 година, Титаник го посетија само мала група луѓе. OceanGate Expeditions неодамна го најави своето второ патување до најпознатиот брод во светот, кој ќе однесе тим од истражувачки туристи на околу 4.000 метри под студената површина на океанот, каде што специјалистите на мисијата заедно со истражувачите ќе го видат огромниот брод од подморницата на компанијата.

Но, ова патување ќе биде сè, само не евтино. Имено, секој билет чини 250 илјади долари. Туристите ќе ја започнат својата авантура со пловидба со експедициски брод од Канада до последното почивалиште на потонатиот брод и повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот на тој брод.

OceanGate Expeditions ќе ја користи својата подморница со титаниум и јаглеродни влакна од класата Cyclops за пет членови на екипажот, носејќи до тројца експерти за мисијата на секое нуркање кое трае од осум до десет часа.

„Непотопливиот брод“ Титаник потона на 14 април 1912 година, четири дена по неговото прво патување од Саутемптон, Англија до Њујорк, откако удри во санта мраз. Загинаа 1.517 од 2.224 патници и членови на екипажот.

Според Националната управа за океани и атмосфера, трупот и структурата на бродот најверојатно целосно ќе се урнат во следните 20 до 40 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!