Вие имате прво да ја знаете вистината

Рајскиот остров Барбадос официјално стана најмладата република во светот! Сандра Мејсон избрана за прв претседател а мега ѕвездата Ријана прогласена за национален херој

Со инаугурацијата на новоизбраната претседателка Сандра Мејсон, прва во историјата, малиот карипски остров, Барбадос во понеделник точно на полноќ по локално време стана република, прекинувајќи ги последните врски кои ги имаше со Велика Британија по цели четири века.

Новата република се роди на полноќ или во 05 часот по средноевропско време – откако беше спуштено британското кралско знаме и беше подигнато претседателското знаме на преполниот плоштад на хероите во Бриџтаун.

Во последната транзиција на овој остров од рајски плажи и вкусен рум, од монархијата во републиката присуствуваше и принцот Чарлс, британскиот престолонаследник.

Отфрлањето на кралицата Елизабета Втора, на која после овој чекор и останаа уште 15 кралства – вклучувајќи ги Британија, Австралија, Канада и Јамајка – Барбадос го гледа како последна фаза во процесот на ослободување на демоните од нивното колонијално минато.

По раскошната музичко-сценска програма надополнета со говори во чест на крајот на колонијализмот, во сенка на зградата на парламентот, Сандра Мејсон положи заклетва како прв претседател на Барбадос.

Раѓањето на републиката, точно на 55-годишнината од прогласувањето на независноста, ги прекинува практично сите колонијални врски што го држеа овој мал остров подреден на британската монархија откако англиски бродови го освоија за кралот Џејмс I во 1625 година.

Светската музичка ѕвезда, Ријана беше прогласена во понеделникот во нејзиниот роден град Бриџтаун, како дел од прославата на прогласувањето на Република Барбадос за национална херојка на карипската островска држава.

Пред разгалената толпа на луѓе, премиерката Миа Мотли и честиташе на 33-годишната Ријана за титулата национална херојка на Барбадос.

Да продолжиш да сјаеш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со своите дела и постапки – изјави Мотлиј Ријани, осврнувајќи се на нејзиниот хит сингл од 2012 година – Дијаманти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!