Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија убедува: Вакцината Спутник V ќе биде ефикасна во борбата против новиот вид на Ковид-19, Омикрон

Компаниите BioNTech, Moderna и Johnson & Johnson работат на вакцини кои конкретно ќе го таргетираат новиот вид на Ковид-19, Омикрон, доколку постоечките вакцини се покажат дека не се ефикасни против овој нов вид на Ковид-19, објавија компаниите во понеделникот. 

Појавата на новиот вид предизвика глобален проблем, бидејќи постојат стравувања дека овој вид би можел побрзо да се шири дури и помеѓу вакцинираните луѓе, поради тоа се воведуваат забрани за патување и други мерки од повеќе влади низ светот.

Компанијата, BioNTech, објави дека започнала да работи на нова вакцина против Омикрон заедно со партнерот Фајзер.

Компанијата, Johnson & Johnson, исто така, ја анализираат ефикасноста на својата постоечка вакцина, додека работат на специфична вакцина за новиот вид.

Почнавме да работиме на дизајн и развој на нова вакцина за Омикрон, а доколку е потребно, брзо ќе започнеме и со клинички испитувања – изјави Матаи Мамен, директор за развој во оваа фармацевтска компанија.

Компанијата Moderna смета дека овој нов вид треба да потрае неколку месеци за да почне да испорачува вакцина која ќе делува против Омикрон, изјави извршниот директор, Стефан Бансел за CNBC. Русија пак е убедена дека Спутник V е ефикасна против новиот вид, во спротивно е подготвена да произведе стотици милиони засилувачки дози.

Во интервју за CNBC, Бансел изјави дека сè уште не е позната ефикасноста на вакцината против овој вид и дека повеќе треба да се знае за околу две недели.

Компанијата, Moderna, во петокот објави дека работи на прилагодување на нејзината вакцина за новиот вид и на тестирање на поголема доза од постоечката бустер доза и проучување на верзии на вакцината за заштита од повеќе видови односно мутации.

Русија во понеделникот објави дека ќе биде подготвена да понуди засилувачки дози за заштита од видот Омикрон, доколку е потребно, но од Кремљ соопштија дека нервната реакција на пазарот на новиот вид е емотивна по природа и не се заснова на научни податоци.

Минатата година Русија брзо ја разви вакцината Спутник V со две дози, по што следуваше една бустер вакцина Спутник Лајт. Тие тврдат дека и двете вакцини покажале висока ефикасност во испитувањата, но сè уште чекаат одобрение од СЗО.

Русија соопшти дека вакцините, развиени од Институтот Гамалеј, најверојатно ќе бидат ефективни против видот Омикрон, а доколку не се покажат како такви тие се подготвени да произведат стотици милиони засилувачки дози.

Институтот Гамалеја верува дека вакцините Спутник V и Спутник Лајт ќе го неутрализираат новиот вид Омикронот бидејќи се најефективни против другите мутации – изјави Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е задолжен за извоз на вакцини во странство.

Доколку е потребна модификација, што е малку веројатно, ќе обезбедиме неколку стотици милиони бустер дози на Спутник против видот Омикрон до 20 јануари 2022 година – напиша Дмитриев на својот официјален Твитер профил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!