Вие имате прво да ја знаете вистината

САД и нејзините сојузници намерно шират дезинформации за наводниот упад на Русија во Украина, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија

Не е јасно зошто Западот шири дезинформации за наводните подготовки на Русија за инвазија на Украина, но има големи шанси тоа да е затоа што така би можеле да воведат нови санкции против Москва, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Според него, Русија никогаш не била непријателски настроена кон ниту една земја, особено не кон Украина.

Реториката на западните медиуми и високите американски функционери дека Русија подготвува агресивни планови нема никаква основа, изјави главниот руски секретар за безбедност.

Тој додаде дека Москва го известила Вашингтон дека нема агресивни планови кон Украина, но дека и покрај повиците да престане да се шири такви дезинформации, тоа не се случило.

Со подигање на тензиите околу наводната руска закана, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници создаваат соодветна база за нив да можат да ги зголемат своите сили, да ги зајакнат разузнавачките податоци, да достават модерно оружје и муниција на украинската армија и националистичките единици, изјави Патрушев.

Тој додаде дека Русија не спроведува никакви неосновани преместувања и непланирани воени вежби во близина на границата со Украина.

Како што потсети, украинските функционери, помеѓу кои и секретарот на Советот за национална безбедност, Алексеј Данилов, еднаш ги демантираа најавите на американските медиуми за акумулација на вооружени сили во близина на украинската граница, а потоа, кога добија одредени инструкции, тоа им овозможи да ги зголемат воените трошоци, да предизвикаат тензии на истокот на земјата, да ги прекршат договорите од Минск и многу други работи.

Патрушев посочи дека Русија внимателно ќе ги следи активностите на НАТО и Украина во близина на нејзините граници.

Потсетуваме дека Киев и Западот неодамна ја обвинија Москва за „агресивни акции“ во близина на границите на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ја преместува армијата на своја територија, и дека никогаш не се заканува и дека поради тоа никој не треба да се вознемирува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!