Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појавија првите снимки од хеликоптерската несреќа во Азербејџан во која животот го изгубија 14 лица (видео)

Во пад на воен хеликоптер во Азербејџан денеска животот го загубија 14 лица, а двајца се сериозно повредени, соопштија властите на републиката.

Авион на граничната служба за безбедност се урна утрово, на истокот на Азербејџан, за време на тренинг лет.

На видеото кое се појави на YouTube се гледаат делови од хеликоптерот расфрлани на сите страни и сведочат за несреќата.

Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, а покрената е истрага.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, издаде соопштение во кое изразува сочувство до семејствата и роднините на загинатите војници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!