Вие имате прво да ја знаете вистината

Судот по втор пат го блокираше Бајден, овој пат блокирана уредбата за задолжителна вакцинација на здраствените работници

Федерален судија го блокираше указот поднесен од администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, за задолжителна вакцинација на илјадници здравствени работници во десет сојузни држави кои поднесоа тужба.

Во судската одлука се наведува дека федералните центри за медицинска нега и помош немаат јасни овластувања од Конгресот, односно неможат да наредат на вработените кои учествуваат во две владини програми за здравствена заштита на стари лица, инвалиди и сиромашни да се вакцинираат.

Прелиминарна забрана од страна на американскиот федерален судија, Метју Шелп, се однесува на државите кои поднеле тужба против овој указ: Алјаска, Арканзас, Ајова, Канзас, Мисури, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг. Слични тужби се во тек и во други сојузни држави.

Уредбата на Бајден за задолжителна вакцинација опфаќа повеќе од 17 милиони вработени ширум државата во околу 76.000 здравствени установи и даватели на домашна здравствена заштита, кои треба да ја добијат првата доза до најдоцна 6 декември, а втората до 4 јануари следната година.

Денешната судска одлука е втора по ред што го блокираше спроведувањето на уредбата за задолжителна вакцинација.

Федералниот суд претходно ја суспендираше одлуката на администрацијата за задолжителна вакцинација во компаниите со повеќе од 100 вработени.

Судијата изјави дека федералните функционери веројатно ги надминале нивните законски овластувања.

Главниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, кој ја поднесе тужбата во име на државите, изјави дека уредбата за задолжителна вакцинација е „пречекорување на овластувањата“ од страна на оние кои го користат Ковид-19 како алатка за контрола на луѓето.

 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!