Вие имате прво да ја знаете вистината

Судот во Москва изрече казна на компанијата Google од три милиони рубљи!

Судот во Москва денеска ја казни компанијата Google Alphabet Inc. во износ од три милиони рубљи, или нешто повеќе од 400.000 долари, бидејќи не ги избришала содржините кои се сметаат за нелегални во Русија. 

Русија минатиот месец јавно порача и се закани дека ќе го казни Google со дел од годишниот приход на компанијата. 

Изрекувањето на казната се смета за најодлучен потег на Москва за ограничување и замолчување на странските технолошки компании досега. Русија оваа година наметна неколку мали казни за американските технолошки компании, а државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор ја забави оперативната брзина на социјалната мрежа Твитер во март годинава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!