Вие имате прво да ја знаете вистината

Убиецот на Аркан сакаа да го ликвидираат во салата за операција, екипа од Белград дојде во Лозница да ја заврши таа задача!?

Убиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Добросав Гавриќ, требало да биде ликвидиран во болницата во Лозница .

Ова го откри долгогодишниот началник на Одделот за крвни и сексуални деликти, на српското МВР, Жарко Поповиќ Поп, со детален опис како овој план бил осуетен од полицијата.

По убиството на Ражнатовиќ и двајца негови пријатели во белградскиот хотел Интерконтинентал, Гавриќ кој беше тешко ранет заврши во болницата во Лозница. Според информациите со кои располага Поповиќ, тој требало да биде ликвидиран таму.

Драган Николиќ Гага му помогна на ранетиот Гавриќ да излезе од хотелот и го однел до местото во Нов Белград, каде што го презел Дејан Питулиќ. Го пренел во болницата во Лозница. Во тој град прво го однеле на приватен лекар. Но, кога тој доктор видел какви повреди има Гавриќ, рекол дека мора да оди во државна болница на операција, дека му треба трансфузија бидејќи ги нема тие услови – ги открива своите сознанија Поповиќ.

Додека Гавриќ бил во транспорт, службениот автомобил на МВР веќе пристигнал во Лозница. Во тоа возило под ротација имало еден доктор и еден белградски „академик“. Сакаа да го „средат“ Гавриќ, за да се ослободат од него и да го закопаат некаде. Но, полицијата веќе ја блокираше болницата во која беше опериран Гавриќ и така оваа акција пропадна, го открива Поповиќ тој таен план за српскиот Објектив .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!