Вие имате прво да ја знаете вистината

Видео кое ја покажува сплотеноста на Турција кога е во невоља! Погледнете како возачите на автобуси ги заштитија мотоциклистите од силниот ветер на мостот

Еден од најголемите градови во Европа, Истанбул вчера го зафати ужасно невреме. Во невремето кое зафати и други региони животот го изгубија четири лица, а најмалку 19 се повредени.

Турската метеоролошка организација објави дека во Истанбул била измерена брзина на ветерот од 130 километри на час. Сепак, хероите се познаваат во неволја. Така, возачите на автобуси ги заштитиле мотоциклистите бидејќи налетите на ветрот биле многу силни. 

Видеото кое ја воодушеви јавноста на својот официјален Твитер профил го објави Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул. 

Секогаш ќе се појави пријател на патот. Брзо закрепнување на нашите граѓани погодени од оваа ситуација поради Лодос (силен југозападен ветер кој често го подига отвореното море и може да предизвика насилни бури). Честитки за сите екипи кои се на теренот. Благодарност и до возачите на автобусите кои ги спасија моторните курири од силниот ветер на мостот – напиша Имамогулу во својата објава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!