Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Германија нови 45.753 заразени со Ковид-19, властите ги повикуваат граѓаните да ја примат третата доза од вакцината!

Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 45.753 нови заразени со Ковид-19 вирусот, а починале 388 лица. Во последните седум дена во Германија стапката на инфекцијата кај луѓето е во благо опаѓање.

Болниците се преоптоварени во овој четврти бран на пандемијата, поради што се воведени ограничувања за невакцинираните, а властите ги повикуваат граѓаните да ја примат третата доза од вакцината против Ковид-19 за поголема имунизација.

Канцеларката во заминување, Ангела Меркел, нејзиниот наследник, Олаф Шолц како и регионалните лидери треба да се сретнат денеска за да разговараат за одговорот на овој бран, особено откако е регистриран новиот вид Омикрон.

Од 83 милиони жители на Германија, околу 68 отсто од граѓаните се целосно вакцинирани, што е многу помалку отколку во земјите како Португалија и Шпанија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!