Вие имате прво да ја знаете вистината

Започнува серија на Европски аукции за личните работи на Карл Лагерфелд: Скулптура на мачка во вредност од 7000 евра, кожени ракавици, луксузни автомобили и многу друго

Личните работи на покојниот познат моден дизајнер, Карл Лагерфелд, вклучително и неговите познати кожени ракавици, ќе бидат понудени на продажба на серија аукции што ќе започнат оваа недела во Монако.

Лагерфелд, кој почина во 2019 година, беше икона на модната индустрија, прославен не само поради неговиот препознатлив личен стил – косата врзана во опавче и познатите црни ракавици секако и очилата за сонце што секогаш ги носеше – туку и поради модните креации што ги дизајнираше за Шанел и други луксузни модни куќи.

Колекцијата на предмети, продадена од аукциската куќа Сотби, содржи предмети од неговата лична гардероба и мебел, додатоци и уметнички предмети кои ги краселе неговите куќи.

Понудата за аукцијата вклучува скулптура на неговата мачка Шупет со проценета вредност од 5.000 до 7.000 евра и фигурина на Карл Лагерфелд од изработена од ПВЦ, метал и камења која се проценува со почетна цена од 200-300 евра, но тоа не е се, во понудата се додадени и рачно дизајнирани куфери и куфери кои Лагерфелд ги носел со себе кога патувал, три автомобили Ролс Ројс и други лични предмети.

Оваа колекција е симбол на вкусот на Карл Лагерфелд, изјави Пјер Мот, потпретседател на Сотби во Франција.

По аукцијата во Монако која е закажана од 3 до 5 декември, продажбата ќе продолжи во Париз во декември, а потоа се сели во Келн на почетокот на следната година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!