Вие имате прво да ја знаете вистината

Аца Лукас: Кажете им на девојките дека имам сида па да видиме која од нив ќе зборува дека легнала со мене во кревет!

Пред некое време се појави веста дека балканската музичка ѕвезда, Аца Лукас е во врска со реалити старлета. Овој пат станува збор за Сања Грујиќ, од реалното шоу Задруга, која пред извесно време изјави дека летово имала незаборавна авантура со популарен музичар на црногорското приморје.

Аца Лукас вози сино Порше. Додека се дружевме, тој го возеше автомобилот. Мислам дека нема дозвола. Кога има возач, се вози во џип. Една вечер толку се опијанивме, што не знаевме каде ни се главите. Боже, само Господ ме спаси од смрт тогаш. Дивеевме таму во Црна Гора. Бевме пијани. Го изгубив осетот за времето и компасот за местото. Беше утро, а јас бев во фустан, а луѓето појадуваа во рестораните и се веќе беше отворено, фустанот пукаше, шминката се размачкуваше на сите страни, а се раздени и сите гледаа – раскажа Сања.

По овие наводи и тврдења на реалити ѕвездата, се огласи и Аца Лукас:

Да, зошто да не ?! Повеќе ме нервира што во секое шушкање ме става во уста на телевизија и приватно. Не знам со која веќе не сум бил. Позната, непозната, вака – онаква, старлета, пејачка, танчерка, се превртев наопаку, се извинувам но тоа е. Барем така е. Убаво ќе објавам дека имам сида и да видиме која ќе каже дека била со мене. Па, ајде да видиме! Значи, додека луѓето ми праќаат снимки од некои реални шоуа, јас сум со оваа, јас сум со онаа. Мислам, да сум Ален Делон, но не би бил со сите оние жени кои се фалат себеси. Наместо да лажат и да го користат моето име, подобро да молчат. Веројатно не ми се качува затоа што не сум популарен. Да сум жена никогаш не би се дружела со Аца Лукас. Ништо не им правам, ама не се бранам ни себеси. Не ги прифаќам сите понуди, не сум толку лесен човек – изјави Вуксановиќ.

Изгледа дека и на Аца Лукас му е доста од прозивки од разни старлети кои тврдат дека имале секс афера со него. Помеѓу нив се Маца Дискреција, Маријана Зоњиќ, Наташа Шавија и Сања Спасојевиќ Барби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!